Македонија
27. March 2021 - 16:42

Нови барања за одложување на пописот

Пописот не може да се одложи. Единствена отворена опција која до некаде е прифатлива за власта е да се продолжи неговото траење. Тоа би значело статистичката операција да почне согласно предвиденото на 1 април, а да заврши некаде до средината на мај.

Ова за „Сител“ го коментираат извори од владејчакото мнозинство по се почестите барања за одложување на пописот поради тековниот бран на пандемијата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ барат итна собраниска седница за одложување на статистичката операција бидејки како што велат не е време за политика, туку за заштита на здравјето на граѓаните.

За прв пат, барање за одложување на пописот стигна и од владин партнер. Демократски сојуз на Павле Трајанов бара Владата уште наредната недела да поднеси законски измени за пописот.

Од власта денеска без коментар. Остануваат на ставот дека пописот ќе се одвива по строги безбедносни протоколи.

Вчера премиерот Заев најави дека е можно попишувачите приоритено да бидат вакцинирани идната недела, но од опозицијата и експертската јавност коментираа дека тоа не значи веднаш и безбеден попис.

Опцијата за прдолжување на пописниот период  ќе биде отворена и на лидиерската средба во понеделник токму меѓу Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, каде пописот се наметнува како клучна тема. За ваквото решение ќе бидат потребни брзи законски измени.

Можноста за неколку неделно поместување на пописот додека не заврши вакцинанцијата на попишувачите ја отвори и првиот човек на Статистика Симовски.