Нови планови за нов клинички

Повторно во игра е изградба на нов клинички центар. На денешниот брифинг, премиерот кажа дека како најсериозна опција е комплексот да биде кај салата Борис Трајковски. Мицкоски вели дека преговараат со сопственикот на земјиштето кое е спроти ГОБ 8-ми септември и доколку постигнат договор, тогаш новиот клинички со тунел ќе го поврзат со болницата, ПЕТ центарот и поликлиниката Букурешт. Оваа локација како идеја беше спомената и кон крајот на 2025 година како најпогодно место со два булевари, инфраструктура и простор за градба. Засега надлежните велат дека е рано да зборуваат за финансии, колку би чинел новиот клинички центар.
Локацијата е нова но идејата и ветувањата се стари над 15 години. Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ имаше потпишано договор на местото на сегашниот клинички, но наместо темели, владата на СДСМ го раскина. Како една од локациите се споменуваше и касарната Илинден, а за Веле Поле во Горче Петров и елаборат како би изгледал комплексот.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
