Нови снимки од Јупитер

Вселенското летало „Џуно” на НАСА помина огромно растојание за да стигне до орбитата на Јупитер, па според вселенските сладокусци, тоа патешествие се исплатеше.
На својата мисија, инструментот „Џунокам” на вселенското летало направи низа спектакуларни фотографии од гасовитиот џин, а за најновите, може да се каже дека се можеби меѓу најдобрите снимки досега. Сликите вклучуваат и придонес од научници и вселенски ентузијасти, кои користат јавно достапни фотографии од „Џунокам” и ги обработуваат.
„Видовите обработка на фотографии коишто би сакале да ги видиме се движат од едноставно отсекување фотографија до истакнување одредена атмосферска одлика, како и додавање на сопствени подобрувања во боја, колажи и додавање напредна реконструкција на боите“, велат од НАСА.
Секој може да презема необработени датотеки и да придонесе за страницата на „Џунокам” заедницата, што исто така, вклучува и пристап до форум за разговори.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
