Македонија
15. October 2026 - 16:31

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците

До крајот на годината новите закони за концесии и за јавно-приватно партнерство би требало да влезат во собраниска процедура.

Јавното-приватно партнерство не се користи доволно кај нас поради постоечките закони кои се стари 14 години.

А и во Европа и во светот имаат голем удел во развојот, особено во енергетиката, инфраструктурата и здравството. Доколку сакаме вакви  успешни проекти, Македонија ќе мора да ја следи Европа.