Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...

Зоолошката Градина во Битола од денеска е збогатена со пет нови животни, донација од Зоолошката Градина во Белград, установа со која соработуваат повеќе децении.
Од битолската Зоолошка Градина информираа дека тамошното зоо-семејство е збогатено со егзотичната птица со богата историја Свет ибис, потоа со африканска мачка Сервал, а за јавноста достапни се був, берберска овца од карпестите предели и американски ракун.
- Сите нови жители успешно го поминаа патот, сместени се во нивните нови живеалишта и се под будното око на нашиот ветеринарен тим. Меѓуинституционалната соработка и размена се клучни за унапредување на условите, збогатување на нашиот фонд и едукација на посетителите, информираа од битолската ЗОО Градина и јавно се заблагодарија на тимот на ЗОО Белград.
Зоолошката Градина на Тумбе Кафе во Битола има матично стадо составено од повеќе од 30 различни видови животни, со повеќе од 400 нивни претставници.
МИА
Ново на Сител
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
