Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО

Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката #2 откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед EQ Fortwo, чија производна верзија ќе биде претставена во септември.
Брендот, кој од 2019 година е во поделена сопственост со германскиот „Мерцедес“ и кинеската компанија „Гили“ (Geely), најави дека новиот најмал модел ќе ја користи новата ознака #2.
Според новата филозофија на компанијата, сите модели сега се произведуваат во Кина, а купувачите на новата генерација на најмалиот електричен автомобил, дизајниран од „Мерцедес“, ќе може да сметаат на минување до 300 километри со едно полнење на батеријата.
Ова е значително подобрување во споредба со претходникот, чија батерија од 17,2 kWh овозможуваше движење до 135 километри.
Познато е дека моделот „смарт #2“ е заснован на новата ECA-платформа (Electric Compact Architecture). Еден од најмалите електрични автомобили што ќе им се нуди на купувачите во Европа ќе ја поседува и функцијата V2L, која овозможува напојување надворешни уреди со електрична енергија од возилото.
Новата технологија на батериите ќе овозможи нивно дополнување од 10 до 80 отсто за помалку од 20 минути. Иако крајните димензии не се откриени, изгледот на концептот покажува дека новиот херој на улиците по димензиите ќе остане сличен на претходникот, кој беше долг 2,7 метри.
МИА
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
