Новиот уреднички колегиум на РТС им се извини на гледачите, Студентите го одбија извинувањето

Новиот уреднички колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вчера им се извини на гледачите во Србија, оценувајќи го тоа како „прва мерка за оздравување“.
„Прво извинување за сите што беа изоставени во претходниот период. Пред нас е работа на програмските содржини, а сè во јавен интерес. Сакаме да ја вратиме вашата доверба“, порача новиот уреднички колегиум на информативната програма на РТС во соопштението прочитано во централниот дневник на телевизијата.
Студентитете кои победија на предвремените парламентарни избори на социјалната мрежа Икс порачаа: Не прифаќаме извинување. Прифаќаме само оставки.
Бчера исто така беше објавено дека се сменети уредниците на информативната програма на РТС.
Според одлуката на вршителот на должноста главен уредник на информативната програма, Боривој Ускоковиќ, од функциите се разрешени уредничката на дописничката мрежа Весна Шиљеговиќ, уредничката на регионалната програма Николина Ракиќ, уредникот на емисијата „Око“, Горислав Папиќ, уредникот на веб-страницата Зоран Станојевиќ и уредничката на програмата за дијаспората Сузана Гвозденовиќ.
Сменети се и уредниците на централниот дневник, кој се емитува во 19:30 часот – Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ.
Пред два дена оставка од функцијата директорка на РТС поднесе Мања Грчиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
