-->
-->
Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
-->

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти - најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти.
- Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска, или за една и пол година, зголемени се платите на вработените во образованието - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на културен дом во Гази Баба.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
