ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, по најжешката пролет досега, при што температурите достигнаа речиси рекордни максимуми на почетокот на август, според податоците од Националниот метеоролошки центар.
Температурата во пустинскиот град Свеихан достигна 51,8 степени Целзиусови на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите времиња во ОАЕ од 52,1 степени Целзиусови, која беше измерена во јули 2002 година, исто така во Свеихан.
Иако метеоролозите ги предупредија жителите да го ограничат изложувањето на сонце и да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот, ваквите мерки на претпазливост не се секогаш изводливи за оние кои работат на отворено, како што се градежните работници и земјоделците, јавија западни медиуми.
МИА
Ново на Сител
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција