Преглед на вестите од светот
Сите да внимаваат со нуклеарната реторика. Русија возвраќа откако Трамп во петокот распореди две нуклеарни подморници во региони блиски до Русија, испровоциран од изјавите на екс претседателот Медведев. Но, сепак портпаролот на Кремљ, Песков е категоричен дека не сака да влезе во полемика со Трамп кога станува збор за нуклеарни подморници.
„Во овој случај, очигледно е дека американските подморници се во состојба на готовност – тоа е стандарна процедура.Но, генерално, преферираме да не навлегуваме во дебати и коментари по однос на ова прашање. Ние сме екстремно внимателно со каква било изјава во контекст на нуклеарни проблеми. Како што знаете, Русија е одговорна. Сметаме дека сите треба да бидат многу внимателни со нуклеарната реторика“, изјави Димитар Песков, портпаролот на Кремљ.
Песков оцени дека моменталната состојба со прераспоредувања на нуклеарните подморници, не претставуваат никаква ескалација на односите меѓу Русија и Америка.
„Не може да има победник во нуклеарна војна. Тоа е главната идеја на нашата позиција. Не веруваме дека моменталната ситуација претставува ескалација. Но, свесни сме дека се говори за проблеми кои се екстремно комплексни и сензитивни, проблеми кои сосема разбирливо, многумина ги гледаат со голема емоција“, дополни Песков.
Во меѓувреме, специјалниот претставник на Трамп – Виткоф неделава се очекува да се сретне со Путин, за како што најавија властите, да најдат решение за актуелните тензии меѓу Америка и Русија. Овие тензии почнаа откако Трамп му даде рок на Путин да прекине да ја напаѓа Украина. Во спротивно, му се закани со санкции.
13 Палестинци го загубија животот откако Израел вчера ја нападна Газа токму на местото каде треба да стигнат камиони со помош од Обединетите Нации. Здравствените претставници од северна Газа изјавија дека лицата биле убиени додека се обидувале да добијат помош. Денеска нивните најблиски се собрани во болницата Ал Шифа, каде се донесени телата на загинатите Палестинци.
Не сакаме војна, сакаме мир, оваа мизерија мора да заврши. Ние сме на улица, гладни сме, во лоша состојба сме, жените се на улиците, немаме ништо достапно за да живееме нормален живот како сите луѓе, немаме
Израел немаше непосреден коментар за инцидентот.
Денеска толпи Палестинци носеа хуманитарна помош добиена од Хуманитарна фондација за Газа, поддржана од САД.
По повеќе од 11 години затвор, Иво Санадер го почувствува мирисот на домот. Поранешниот хрватски премиер кој помина години зад решетки поради корупција, денес беше условно ослободен од затворот Липовица, откако отслужи две третини од казната. Дома се враќа на 72 години и со 15 дијагнози.
Едно важно прашање сè уште останува неодговорено - дали е лишен од целата имотна корист што ја стекнал незаконски, според пресудите.
„Не ми е дозволено да коментирам ништо освен она што е наведено во судската одлука. Таа одлука е јавна, во неа се наведуваат сите посебни обврски што ги има г-дин Санадер и засега останува така“, рече неговиот адвокат Драган Црнковиќ.
Според изјавите на неговиот адвокат, екс премиерот сега сакал да се посвети на своето семејство и на подобрување на своето здравје. Тој ќе биде должен да се јавува во полиција секој месец, нема да му биде дозволено да го менува местото на живеење и привременото живеалиште, а сега формално го презема Загребскиот жупански суд. Може да го запали автомобилот и да прошета до Сплит, вели неговиот адвокат. Но, ако сака да го менува живеалиштето потребна му е дозвола од судот.
Санадер беше осуден на единствена казна од 18 години.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар