Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро

Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ од идната седмица ќе почне со издавање дозволи за рекреативен риболов на езерото за 2026 година.
Како што се посочува во соопштението од Здружението, секој што сака рекреативно да лови риба од Охридското Езеро нема да мора да плаќа дополнителни трошоци како членарина за Здружението, туку само да си обезбедни дозвола согласно однапред презентираниот ценовник.
Рекреативната зона „Охридско Езеро“ го опфаќа македонскиот дел од Охридско Езеро односно потегот од Свети Наум до селото Радожда, како и целиот слив на Охридско Езеро и тоа каналот Студенчишта, Коселска Река, Велгошка Река, реката Черава и нејзините притоки, како и Сатеска со сите нејзини притоки. Спортски риболов не е дозволен на водната површина на езерото определени како риболовни зони, како што се изворите кај „Свети Наум“, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со Закон.
На рекреатиците ќе им се на располагање два вида дозволи и оние за риболов од брег и комбинирана за лов и од брег и од пловен објект, а цената варира зависно времетраењето на дозволата.
За риболов од брег таа се движи од дневна што чини 354 денари, преку тридневна – 708, месечна 2065 и годишна што чини 4130 денари со вклучен ДДВ.
Дозволите за риболов и од пловен објект чинат 708 за еден ден, 1298 за три дена, 2655 месечна и 5130 за една година.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
