Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец.
Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
