Облачно и свежо време со повремен дожд и северен ветер

Времето во текот на денов се очекува да биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови - над 25 литри на квадратен метар.
Синоптичарите најавуваат умерен до засилен северен ветер - над 70 километри на час, особено долж Повардарието. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 8 до 14, а максималната да достигне од 12 до 19 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Според прогнозата, утре се очекува да има преодно стабилизирање на времето и да дува засилен северен ветер - над 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови.
Во деновите што следата, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
