Облачно и топло, попладне врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни (над 15 литри на метар квадратен), во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни, над 15 литри на метар квадратен, во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер, над 60 километри на час.
Поинтензивни процеси ќе има во текот на ноќта и в четврток претпладне. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. В сабота локално, а в недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
