-->
-->
Облачно со дожд и ветер
-->

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
