Облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од УХМР информираат дека утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа во источните делови ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините, врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
МИА
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
