Облачно време со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец над 60 km/h, информираат од УХМР.
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје, утре особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во четврток во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежи од дожд и снег ќе има и во сабота.
МИА
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
