-->
-->
Обрадовиќ: Честитки за играчите и навивачите за освоената АБА титула
-->

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.
Партизан ја освои титулата откако во решавачкиот петти натпревар пред повеќе од 22.000 гледачи во белградската Штарк Арена триумфираше над градскиот ривал Црвена ѕвезда со 96-85.
„Ќе почнам со тоа што мене лично ми причинува најголемо задоволство, а тоа е дека натпреварот беше одигран во фантастична атмосфера и оти навивачите на Партизан вечерва станаа шампиони во секоја смисла“, рече Обрадовиќ на прес – конференцијата по натпреварот.
За Партизан ова е седма титула во АБА лигата и прва од 2013 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
