-->
-->
Оброк со месо од мечка во Јапонија чини безмалку 1.000 денари
-->
Автоматите за брза храна во Јапонија, каде што може да се купат готови оброци со месо од кит, полжави или јастиви инсекти, од неодамна на купувачите им нудат и месо од дива мечка.
Различни парчиња од тамошната црна мечка се продаваат во машините во градот Сембоку. Месото се нуди по 2.200 јени (околу 940 македонски денари) за порција од 250 грама, објави јапонскиот дневен весник „Маиничи Шимбун“.
Машините за брза храна што му припаѓаат на ресторанот „Соба Горо“ продаваат 10-15 пакувања месо од мечка во седмицата. Азиските црни мечки, инаку, се сметаат за загрозен вид, но властите во овој град во северна Јапонија, тврдат дека го ограничуваат и контролираат бројот животни коишто може да бидат застрелани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
