Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Обвинение е поднесено против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство.
- По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
Појаснија дека обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.
- Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, сподели Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
