Обвинение за бесправно градење во Битола
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднел обвинителен акт против едно лице за кривично дело – бесправно градење.
Како што информира државното Јавно обвинителство, обвинетиот, раководител во општинскиот инспекторат во Битола, од октомври 2013 година до март 2016 година, бесправно изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 квадратни метри.
Објектот го изградил во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано Трновски ливади, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице.
-Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно чл.51-а од Законот за земјоделско земјиште и без одобрение за градење донесено во постапка пропишана согласно чл.59 од Законот за градење, што е поткрепено и со соодветно вештачење, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција