Македонија
1. August 2025 - 12:18
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција
Опозициската СДСМ ја повикува претседателката Силјановска Давкова да не ги потпиш указот за прогласување на Законот за полиција поради тоа што тој не бил во согласност со европските стандарди за безбедносните служби.
Од партијата на Филипче велат дека со законските решенија министерот за внатрешните работи добива големи надлежности во унапредувањето и кадровската поставеност на полицијата, без да се почитуваат критериумите за професионалност.
-->
-->