Обвинителен акт против осум лица за злоупотреба на службена положба и незаконско посредување за престој на странци
Државното Јавно обвинителство, преку Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе обвинителен акт против осум лица, од кои шест се полициски службеници. Обвинението се однесува на сериозни злоупотреби на службената положба, противзаконито посредување и примање поткуп, со цел овозможување незаконски престој и прибавување дозволи за привремен престој на странски државјани.
Како што соопштуваат од Обвинителството, според обезбедените докази, првообвинетиот заедно со две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тие, користејќи свое влијание врз двајца полициски службеници, овозможиле на турски државјанин незаконски престој во државата и добивање дозвола за привремен престој, за што примиле награда од 900 евра.
Дополнително, полициски службеник од Граничниот премин Долно Блаце е обвинет за „Примање поткуп“, откако од турски државјанин примил парични средства во износ од 3000 денари за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Во давањето на поткупот посредувале тројца полициски службеници и едно непознато лице, при што со патна исправа на странскиот државјанин е извршен фиктивен влез во државата, како услов за отпочнување на постапка за престој.
На сличен начин, друг турски државјанин со незаконски престој бил изведен од државата без да биде евидентиран во системот за контрола и без да му биде наплатена законска глоба, со што е нанесена штета на Буџетот на РСМ.
Во обвинението е опфатен и виш инспектор за странци и реадмисија, кој од јули минатата година до април годинава, постапувајќи несовесно, овозможил на седум државјани од Бангладеш и Непал да добијат привремен престој, иако постоеле негативни безбедносни проценки од АНБ. Тој постапил спротивно на Законот за странци и донел решенија за престој заради работа.
Истражната постапка беше започната во мај годинава кога 11 лица беа лишени од слобода, а две лица беа недостапни на органите на прогонот. Во меѓувреме против едно лице е донесена Наредба за запирање на истражната постапка, а за две лица е донесено Решение за отфрлање на кривичната пријава. Едно од лицата недостапни на органите на прогонот е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Р. Србија, а по другиот е активна меѓународна потерница.
МИА
Ново на Сител
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид
-
Мицкоски на увид на градежни активности на нова детска градинка во Кисела Вода