Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.
Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.
Настанот, како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, се случил на 12 декември во дворот на О.У. „Дитурије” во Сарај. Двете деца – жртви на насилството тргнале да си одат дома кога на излезот од училишниот двор ги пресретнале напаѓачите. Започнале да ги удираат со тупаници и клоци по главата и телото. Едното оштетено дете се здобило со површинска рана на главата, додека на другото дете му нанеле тешки телесни повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело.
Со насилството сторителите предизвикале чувство на несигурност и страв и кај други деца кои во тој момент излегувале од училиштето.
Имајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и потребата да се обезбеди непречено водење на постапката, јавниот обвинител на судијата му предложил да определи мерки на претпазливост – јавување во суд, одземање на патната исправа и забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
