Македонија
2. October 2026 - 18:22

Од декември построги услови за кредит

Земањето кредит од 1 декември ќе биде потешко. Народната банка со нови правила со кои се намалува делот од месечната плата што оди за отплата на кредитот, а се скратува и  рокот за враќање.

Кај денарските кредити, ратата  до сега можеше да биде до 50% од платата. Со измените лимот ќе биде помал за 5 процентни поени или 45%.

Односно ако платата изнесува 60,000 денари. можеше да се земе кредит, чија рата не треба да биде повисока од 30,000 денари.

Со новите измени, месечнаат рата ќе може да е максимални 27 илјади денари од приходот.

Кај кредитоте со валутна компнента, лимитот се намалува од 45 на 40 отсто од вкупниот приход.

Се скратува и рокот на отплата. Кај станбените кредити од 30 на 25 години, а кај хипотекарните потрошувачки од 20 на 15 години.

За купување прв стан, лимитите, остануваат непроменети -50% кај денарските и 45% кај кредитите во друга валута. Исто така и максималниот рок за отплата останува непроменет 30 години.

Целта на зиемните, според Народната банка е да се намали ризикот на домаќинставта да влезат во преголеми долгови.