Македонија
1. јуни 2024 - 16:52

Од денеска полесно до работа во Германија

Германија го олеснува влезот на работници од земјите кои не се дел од ЕУ. Со новите правила за квалификувани работници кои стапуваат на сила од денеска и Македонците можат да стигнат полесно до работна виза и да бараат работа до една година...Преку т.н „Карта за шанси“ , работниците полесно ќе можат да најдат соодветна работна но мора да исполнат одредени услови. 

Според сајтот на сојузната влада за стрчна работа од странство, потребно е работникот да има најмалку двегодишна стручна подготовка или универзитетска диплома признаена во земјата каде што е стекната квалификацијата. Потребно е и познавање на германски јазик.

Работниците ќе треба да покажат и доказ од финасиски средства за да го покријат престојот од една година.

За секоја признаена квалификација работниците и лиценца за работа, работниците ќе бидат бодувани. Најмногу поени добиваат професии како наставници, медицински сестри или инженерство.

4 бода - за признаена професионална квалификација или лиценца за работа во професии како наставници, медицински сестри или инженерство.

3 бода -  за пет години работно искуство во последните седум години или за познавање на германски јазик на ниво Б2.

2 бода - за двегодишно работно искуство во последните пет години и за кандидати помлади од 35 години или за познавање на јазикот на ниво Б1.

1 поен - кандидати помлади од 40 години, за престој во Германија во последните шест месеци (но не како турист), за познавање англиски на ниво Ц1 или германски на ниво А2, за обука за дефицитарни занимања или за аплицирање за работа заедно со брачниот другар.

Откако картичката ќе биде одобрена, апликантот може да влезе во Германија и да бара работа до една година, што значи дека повеќе не мора да поднесува договор со германска компанија пред да му биде дозволено да влезе во Германија за да работи.

Оние кои ќе ја добијат, ќе можат да работат до 20 часа неделно или да стекнат двенеделно пробно работно искуство. Работниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од територијата на Косово ако сакаат да работат со полно работно време, можат да аплицираат за продолжување на престојот доколку веќе имаат понуда за работа.

Со новите германски правила дури 50 илјади работници годишно од овие земји, вклучително и земјите од Западен Балкан, ќе можат да работат на неопределено време или двојно повеќе од она што досега го дозволуваше Германија.

Според германските власти заинтересираните работници можат да аплицираат за оваа карта преку конзуларните претставништва во земјата.