Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Бензините поевтинуваат за два денари по литар, додека дизелот ќе се продава по пониска цена за 2,50 денари по литар.
Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари и ќе изнесува 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за два денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.
Намалување од 2,50 денари има кај ЕУРОДИЗЕЛ, чија нова малопродажна цена ќе изнесува 92 денари за литар.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и тоа за три денари по литар, па неговата нова цена ќе биде 100,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и ќе изнесува 48,314 денари за килограм.
Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука од 9 ноември 2026 година.
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Од вчера задолжителна зимска опрема во сообраќајот
-

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
-

Неуспешно лансирање: Ракетата „Вулкан“ откажа и уништи 40 сателити на „Амазон“
-

Мајката на претепаната Сара од Охрид тврди: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија“
-

Македонските фудбалери ја пречекуваат Словенија во последното коло од Лигата на нации
-

Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО
-

Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман, во фокус европската перспектива на Македонија и реформите
