Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари. Поради тоа, како што рече, Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Одлуката, како што потенцира, стапува во сила од вечер на полноќ и ќе важи во наредните две недели.
-Очекуваме дека одлуката на РКЕ би била зголемување на бензините 95 и 98 октани од 86,5, односно 88,5 денари на 93 односно 95 денари, а на дизел горивото од 92 на 102,5 денари. Како одговорна Влада што се грижи за стандардот на граѓаните, но и целокупната состојба на државата, денеска на Владина седница донесовме одлука да се намали данокот на додадена вредност на бензините и дизел горивото од 18 отст на 10 отсто. Доколку ова се земе во превид тогаш очекуваме цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар, рече вчера премиерот Мицкоски.
Нагласи дека ОКТА како најголем снабдувач веќе има даде попуст од 2 денари по литар на трговците со нафтени деривати поради што горивата на најголем дел од бензинските пумпи во земјава се продаваат по цена пониска за два денара од максималната цена што ја определува РКЕ.
Порача дека очекува оти во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство Сања Божиновска ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници.
-Со тоа очекувам во суштина да имаме пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ што би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари, рече вчера Мицкоски и нагласи дека очекува РКЕ да ја има предвид оваа одлука на Владата и оти нема значително да ја зголеми цената на бензините, туку ќе се движи во рамки на пресметките согласно вообичаената методологија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
