Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36.
Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 34 степени. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува и во среда и четврток за кога дневните температури се очекува да изнесуваат максимум 33 и 34 степени.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
