Од утре почнува вакцинацијата за сезонски грип
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип. За 40.000 бесплатни вакцини пријавени се 26.000 граѓани од ризичните групи. Повеќето се постари од 65 години и лица со хронични заболувања, но има и 22 трудници и 49 деца. Сите ќе добијат СМС од Мој термин кога и каде треба да дојдат. Без да се пријават на сајтот, заинтересираните нема да бидат имунизирани, информираат од Mинистерството за здравство.
Вакцинацијата ќе се спроведува во Здравствените домови и Центрите за јавно здравје низ државата. Во Скопје покрај во ЦЈЗ, вакцини против грип ќе се аплицираат и во две смени во Поликлиниките Бит Пазар, Идадија, а само втора смена во Ѓорче, бидејќи во останатите поликлиники се вакцинира против Ковид.
- Затоа за сезонски грип вакцинацијата ќе биде во овие три Поликлиники, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.
Покрај бесплатните, Центрите за јавно здравје набавија и 11.000 комерцијални вакцини, од кои 4000 во Скопје за граѓаните кои не се во ризичните групи.
Лицата кои се имунизирале против Ковид, после 2 недели од втората доза можат да се заштитат од грип, препорачуваат лекарите.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
