Од утре повремен дожд и пониски температури

УХМР најавува дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен и долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Според прогнозата, и во недела, во попладневните часови, наместа ќе има повремени врнежи од дожд.
- Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Утре утринските температури ќе се движат од 8 до 13, а дневните од 10 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Температурата ќе биде од 10 до 13 степени.
Во недела максималната температура ќе биде 13 степени, во понеделник 15, а во вторник 18 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
