Од вечерва до недела облачно и студено со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска акивност од денеска во вечерните часови до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд на пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што посочуваат, поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите наместа ќе бидат пообилни со навнрати над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на целиот период наместа и над 80 литри на квадратен метар.
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрата ќе бидат со температура и под нула степени.
Во Скопје од денеска во вечерните часови до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои за време на викендот на некои од повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пофалби од Атина за напредокот на Македонија кон ЕУ - Средба на Муцунски и Герапетритис
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
-

Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
-

Парното поскапува за 7,5%
-

Младите брачни двојки ќе можат полесно да дојдат до сопствен дом
-

20% поевтини производи за студентите корисници на субвенциониран студентски оброк
