Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац

Во Лесковачкиот културен центар се одржа Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината, информираат денеска од Националниот совет.
На свеченоста, која се одржала синоќа, присуствувале бројни претставници на институции од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои заменичката министерка за европски прашања Викторија Трајков, заменик министерот за администрација Лазе Јакимоски, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, амбасадорот на Република Македонија во Србија Никола Тупанчески, советникот на министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, началникит на Јаблсничкиот округ Милош Ќириќ, директорката на Институтот за македонски јазик д-р Елена Јованова Грујовска со бројна делегација од институтот, претставници на македонските здруженија во Србија.
Свечената академија била збогатена со културно-уметничка програма подготвена од наставниците кои ја изведуваат наставата по македонски јазик со елементи на национална култура, а во програмата учествувале повеќе од 50 ученици кои го учат овој изборен предмет во четири основни училишта во Лесковац и околината.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
