Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положат цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце.
Припадници на воздухопловниот ВИНГ претходно ќе положат цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.
Во хеликоптерската несреќа, пред осумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
МИА
Ново на Сител
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
-

Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени
-

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи,...
-

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
-

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
