Македонија
26. November 2026 - 8:54

Одбележување на Светскиот ден на детето

Во Собранието ќе се одржи едукативен настан на Парламентарниот институт под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.

Поздравни обраќања на настанот ќе имаат Драгана Бојковска, претседателка на Клубот за младински прашања и политики и директори на три основни училишта од Општина Илинден: ООУ Ристо Крле, ООУ Гоце Делчев и ООУ Браќа Миладиновци. Свое обраќање ќе има е претставник на УНИЦЕФ на Северна Македонија, а потоа ќе се одржи симулација на седница на Детскиот парламент.

Настанот има цел да ја подигне свеста кај децата за нивните права, да поттикне дискусија за предизвиците и можностите што ги носи дигиталното опкружување, како и да ја истакне важноста на безбедното, одговорното и активно учество на децата во дигиталниот свет.

 

МИА