Одбојкарките на Младост УГД ја забележаа третата победа, Работнички Скопје без проблеми против Вардар ЕМ

Одбојкарките на Младост УГД ја запишаа третата победа во четвртото коло во Првата лига жени, откако во натпревар во пет сета се радуваа на гостувањето во „Боро Чурлевски“ во Битола, кај Пелистер Волеј. Натпреварот кој имаше хуманитарен предзнак во чест на прерано починатата спортска битолска легенда, Зоран Петковски, понуди одлична одбојка пред околу 1.500 гледачи. Битолскиот состав иако има епитет на дебитант во најсилното женско одбојкарско друштво втор викенд во низа игра натпревар во пет сета, потврдувајќи ги неговите сериозни амбиции. Младост УГД одигра на искуство и успеа да си замине како победник.
Македонскиот претставник во ЦЕВ Челинџ купот, Работнички Скопје имаше успешна последна проверка на силата со максимална победа над Вардар ЕМ во пресрет на двомечот во естонски РАЕ Спордикол, кој го игра на 4 и 5 ноември на гостински терен.
Два натпревари беа одложени, Јанта Волеј КВ и Фит Фан Волеј поради настап на шампионот во квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, додека средбата Наковски Волеј против Ускана беше предвидено да се игра викендов, но е одложена.
Вечер во СЦ „Форца“ од 20:15 часот се игра дуелот меѓу Газели и Струмица жени.
Резултати 4.коло македонско женско одбојкарско првенство:
Вардар ЕМ – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 16:25, 22:25)
Пелистер – Младост УГД 2:3 (25:22, 22:25, 19:25, 25:20, 12:15)
Газели – Струмица жени (3 ноември)
Јанта Волеј КВ – Фит Фан Волеј одложена
Наковски Волеј – Ускана одложена.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
