Македонија
15. јуни 2022 - 16:34

Одговорност ќе има но не се знае кога и каква - Правда чека МВР да „расчисти“ со оружјето и дрогата во Идризово

За пронајдената дрога, оружје и телефони во затворот во Идризово некој ќе сноси одговорност, но се уште не се знае кој. Казните нема да бидат само дисциплински, ќе се бараат и оставки, но министерот за правда и Управата за извршување санкции ќе ги остават МВР да ги утврдуваат доказите кои треба да покажат дали некој кривично ќе одговара.

Во Идризово сеуште има индиции дека има мобилни телефони, па затоа и секојдневно се вршат претреси во одредени ќелии. Но акциите не застануваат тука - од Управата за извршување санкции предупредуваат дека претреси ќе се вршат низ сите затвори во земјава.

Од обвинител имало дозвола да се претресуваат само 25 ќелии, но претресот не бил селективен тврди директорот на Управата за извршување санкции. Во овие ќелии имало затвореници од секаков вид на кривични дела, а специјалците на МВР влегде поради тоа што меѓу овие затвореници имало лица од висок безбедносен ризил. Сепак затворските службеници не биле претресувани.