Македонија
8. јуни 2022 - 16:33

Одложена седницата поради немање кворум во Собранието

Владејачкото мнозинство не успеа да собере 61 пратеник за да започне денешната собраниска седница. Пратениците од опозицијата иако присутни денеска во Парламентот, со најава дека ќе бараат да им бидат усвоени нивни предлог закони на седницата, воопшто не влегоа во собраниската сала, по што немаше кворум и седницата се одложи. Непојавувањето на седницата, од ВМРО-ДПМНЕ го ставаат на контото на Џафери, со дообјаснување дека е лош менаџер на Законодавниот дом.

„Лошото менаџирање од страна на парламентарното мнозинство ги доведува од грешка до грешка и денешното не обезбедување кворум оди на контото на Џафери. Вчера седницата траеше до 3 часот по полноќ, а во 11 часот денеска беше закажана седница. Талат Џафери како добар менаџер требало да предвиди колку пратеници ќе се појават на седницата.”

За тоа зошто владејачкото мнозинство кое брои 64 пратеници, не можеше денеска да обезбеди кворум, од СДСМ со објаснување дека дел од нивните пратеници имаат здравствени проблеми.

Упатија критики кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дека за нивни предлози не влегуваат во собраниската сала, а со тоа не работат за доброто на граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе продолжат со активната блокада во Законодавниот дом за сите закони кои сметаат дека се штетни за граѓаните, од СДСМ пак на ставот дека блокадата нема никаков ефект.