-->
-->
Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-->

Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нoв тренер.
- Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво.
Пред нас е нова ера и нов предизвик.
Да почнеме заедно. Добредојде, тренеру! – објави Вардар на социјалните мрежи.
Аргентинецот во Вардар ќе го наследи Гоце Седлоски кој сега целосно се насочува кон обврските во македонската репрезентација.
Четириесет и двегодишниот Фабијани има водено неколку екипи во Аргентина.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
