Фудбал
27. July 2025 - 9:04

Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал

Шведскиот фудбалер Виктор Ѓекереш се приклучи на редовите на Арсенал, објави лондонскиот клуб.

Во текот на денешниот ден фудбалерот помина медицински преглед и потпиша договор со клубот.

Во сезоната 2024/25, Ѓекереш постигна 54 гола и имаше 11 асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања. 

На крајот од сезоната, Швеѓанецот од Спортинг Лисабон го освои второто место во борбата за Златната копачка, веднаш зад напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

 

МИА