Македонија
12. August 2026 - 12:36
Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
Охрид во знакот на водените спортови. Од денес па се до 30-ти август Охридското Езеро повторно ќе биде сцена на голем број спортски и рекреативни активности, а четвртото издание на „Ohrid Water Festival“ кое го подобрува туризмот ќе понуди содржини за различни генерации, различни интереси и различни нивоа на спортска подготвеност.
Спортските настани во рамки на фестивалот од година во година стануваат помасовни и привлекуваат учесници не само од Македонија, туку и од голем број европски држави.
Манифестацијата нуди 19 дена исполнети со бројни спортски натпревари на вода, рекреативни предизвици, пливачки маратони, како и културно-забавна и едукативна програма за сите генерации.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
