Македонија
15. August 2021 - 16:38

Охрид доби музеј со кујунџиската работилница на Вангел Деребан

Охрид доби Музеј со кујунџиска работилница за филигран на Вангел Деребан.Стариот добар занает по кој надалеку бил познат овој крај, конечно се враќа во срцето на охридската чаршија.

Во изложбениот простор е презентиран накит стар и неколку века и автентичниот алат, со кои макотрпно работеле старите кујунџии.

Во Музејот има и работилница каде заинтересираните ќе може да учат филигранството.