Македонија
1. September 2025 - 12:28
Охрид доби ново училиште
Охрид по повеќе од 50 години доби ново основно училиште Кочо Рацин. Некогашната нефункционална зграда кај касарната прерасна во модерен, функционален и безбеден образовен објект за учениците од овој дел од градот.
Градоначалникот Пецаков им посака успешна почеток на новата учебна година и најави дека вложувањето во образованието, е најсигурната инвестиција во иднината.
Директорката Котеска истакна дека ова е важен ден за сите кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи во нивниот втор дом ,прекрасен свет на учење каде буквите и броевите ќе се претворат во големи можнсоти.
Охридските основни и средни училишта подготвени го дочекаа стартот на учебната година во која за првпат во училишните клупи седнуваат над 420 првоодделенци.
-->
-->