-->
-->
Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-->

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Х.С.Ј.(36) од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал.
По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
-

Над 5.000 договорци ќе добијат шанса за редовно вработување - поднесен нов закон
-

Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
