Македонија
26. December 2025 - 12:16
Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
Охрид ќе добие Центар за бесплатно изучување на кинески јазик и култура.
Курсевите како што велат од Институтот Конфуциј се добра можност за унапредување на меѓукултурниот дијалог ,културната размена и просдлабочување на соработката помеѓу Македонија и Народна Република Кина.
Студентите на овие курсеви гледаат уште една можност за лично и академско надоградување.
Институтот Конфуциј во Македонија е основан во 2013та година и досега има центри за изучување на Кинески јазик во Скопје, Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Вевчани и други градови. Во моментов јазикот го изучуваат 500 ученици.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
