Македонија
13. March 2020 - 22:29

Охрид со празни улици - туризмот најпогоден од корона вирусот

Охридските угостители ги почитуваат мерките за превенција од корона вирусот. Вчера во 18 часот угостителски објекти ставија клуч на врата а центарот на градот беше во тотален мрак.

Празни улици и плоштад редуциран број на посетители во кафетериите и рестораните ваква е денешната слика во главниот туристички центар.

Од Еснафот на угостители велат дека во целост ќе ги спроведуваат препораките на Владата ,и  се надеваат дека ваквата состојба ќе се надмине.

И покрај сончевото време граѓаните останаа во своите домови, оној мал дел охриѓани кои ги затекнавме низ градот велат дека избегнуваат групни собири и користат антибактериски средства.

Во Охрид се дезинфицираат сите обејкти на детската градинка, здравствените и образовни установи а кон оваа мерка се приклучија и превозниците .