-->
-->
Охрид: Судир на три товарни возила - Едно лице тешко повредено
-->
Три товарни возила се судриле вчера околу 19 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост.
Како што објави полицијата, во несреќата едно лице се здобило со тешки повреди.
Во сообраќајката учествувале „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(56) од Охрид, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(47) од Велес и „митсубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(43) од Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „митсубиши“, А.С.(41) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција