Македонија
31. December 2025 - 12:19
Охрид во очекување на Новата година
Охрид одбројува до дочекот на најлудата ноќ во годината.
Градот веќе пулсира празнично. Охридските хотели се преполни со гости од нашето соседство од Србија, Бугарија, Грција ,Албанија но не изостануваат ни одние од подалечните земји и домашните кои претежно си имаат свои викенд станови.Слободни соби во хотелското сместување речиси и да нема, а место повеќе се бара и во приватното сместување .
Хотелиерите должн езерото се подготвени да одговорат на потребите и барањата на туристите .
Инаку покрај на градскиот плоштад забава секако ќе има и за оние што сакаат Новата година да ја дочекаат во охридските кафулиња и ноќни клубови во поинаква атмосфера, со програма и гарантирана добра забава до раните утрински часови.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
