Охриѓани револтирани поради градежните активности на автопатот
Од охридскиот аеродром до влезот на Охрид туристи патуваат 2,5 часа. Толку време им треба на автобусите да го донесат гостите до некој од хотелите откако влезот е затворен и сообраќајот се пренасочува по стариот пат. И граѓаните и хотелиерите реагираат, уште не почната, летната сезона ќе биде уништена.
Велат дека летот побрзо им трае од Холандија или Германија до Охрид, отколу возењето на патниот правец од 15-тина километри
Поради реконструкција, Владата донесе одлука на 45 дена да го затвори автопатот пред влезот на градот и сообраќајот да се одвива по стариот пат ,но против се граѓаните
Охридискиот градоначалник и сите опозициски партии, сметаат дека со ваквата одлука туризмот ќе претпи серизони штети. Пецаков вели дека ќе побара одложување на градежните активности до крајот на туристичката сезона
Ова е погубна политика на власта, реагираат и од Социјалистичката Партија. Велат дека скандалозното и буквалното затворање на Охрид на стартот на туристичката сезона говори за неразумноста на власта со планирана и нескриена саботажа на туристичкиот сектор и со очигледната намера за регионално стопанско уназадување.
Оправдувањето со изведување градежни работи токму на влезот кон Охрид говорат за неспособноста на власта и по шест години оддолговлекување да го заврши патниот правец од Кичево до Охрид., се наведува во реакцијата на Социјалистичката Партија.
Штетите врз македонскиот туризам ќе бидат огромни, сметаат и од ВМРО ДПМНЕ.
Последиците од лошото работење на власта ќе го трпат охриѓани, реагираат и од ВМРО ДПМНЕ.
Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион.
Реакциите за стопирање на градежните работи се нејасни за министерството за транспорт и врски. Велат дека делницата од Кичево до Охрод се гради со потребата динамика
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
