ОЈО бара притвор за дилер од Битола
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот од октомври 2024 година се до почетокот на овој месец неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица - сведоци.
На 4 август годинава полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина, кој не се користи, полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа
-
ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори
-
Трамп: За мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“
-
СЗО: Регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост во Газа
-
Зголемени температури во следните неколку дена
-
Тројца осомничени за напад врз полициски службеници во Скопје
-
Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства
-
Група машки лица дивееле по Кавадарци, оштетиле куќи, покуќнината и три возила